„Документот потпишан од Талат Џафери ја запечатува вистината за исклучувањето на албанскиот јазик од правосудниот испит. Уште полошо, овој закон беше донесен со бадентер, односно со гласовите на пратениците-Албанци од тоа време.
Сето ова ја разоткрива ДУИ и нејзината измама до срж. Јавно се преправаат дека се патриоти, а во институциите гласаа и потпишуваа против Албанците.
Ова е вистината што ги гори. Не им недостигаа позиции. Не им недостигаа гласови. Не им недостигаше време. Само им недостигаше волја. Бидејќи за ДУИ, Албанецот беше вреден само кога носеше гласови и кога служеше за полнење на џебовите на неговата клика“, соопшти Вреди.






