Во ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски, сѐ уште постојат два става во однос на Вториот пензиски фонд, едниот за негово национализирање, а другиот за негово функционирање како што е сега.
„Дупка во Пензискиот фонд ќе има се додека Вториот пензиски фонд не почне да сервисира дел од пензиите и тоа беше очекувано. И сега почнува да учествува Вториод фонд во исплата на пензиите, но тоа е минимално. За шест до седум години очекувам сето ова да биде нивелирано и поинаку споредено со денес. Фондот е стабилен иако трансферите ќе продолжат да се зголемуваат се додека Вториот пензиски фонд не почне поробусно да учествува во исплатата на пензиите“, рече Мицкоски на прес-конференција одговорајќи на новинарски прашања.
Тој откри и дека на денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) имало предлог да се зголеми ДДВ-то од страна на бизнис заедницата, да не биде 18, туку 19,5 отсто.
„Секакви идеи има, но ние треба да ги ставиме аргументите на маса, да направиме анализа и да видиме што добиваме, а што губиме, па потоа да носиме одлуки. Во партијата има различни мислења за Вториот пензиски столб. Едниот став е да се примени концептот како во Естонија, Полска, Унгарија – национализирање, а вторито е да си продолжиме вака. Но, во овој момент не носиме одлуки зашто цениме дека ќе има дупка и таа ќе постои во наредните шест, седум години сѐ додека не почне поробусна исплата на пензиите од Вториот пензиски столб“, објасни Мицкоски.