Камионите вртат околу езерото за да ја одложат земјата, а од надлежните повторно нема никаква реакција. За време на првомајските празници и Маврово беше преполно со туристи, со велосипедисти, излетници… но некому очигледно многу му се брза. Но, не им се брза на општинските органи.
Тие очигледно се во очекување на расплетот на корупцискиот скандал на нивниот началник на Секторот за урбанизам на Општината Маврово-Ростуше, кој беше фатен како прима мито за да издаде дозвола за градба.