Приведен бил и Александар Спирковски, познат како Џемо, со живеалиште во Прилеп.
Според информациите од Финансиската полиција, осомничените се товарат за злоупотреби, финансиски малверзации и сомнежи за незаконитости поврзани со постапка за јавна набавка. Се очекува во текот на денот Управата за финансиска полиција и ОЈО да излезат со дополнителни информации за предметот и за конкретните сомнежи.






