Управата за финансова полиција соопшти дека, во текот на денешниот ден, овластени службени лица од Управата постапувајќи по наредби издадени од судија на претходна постапка во координација и под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведуваат претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации.
„Во рамки на акцијата, а во согласност со насоките на надлежниот јавен обвинител, од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција лишени од слобода се повеќе лица“, се наведува во соопштението.






