петок, 7 ноември 2025
Локални избори 2025

Уште во првиот круг во 32 општини победија кандидатите за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ на вчерашното гласање за градоначалници на локалните избори е во водство во 53 општини. Коалицијата Вреди е во предност во 9 општини, СДСМ во 9, ДУИ 5, и ДП на Турците еден. Ова се последните податоци на Државната изборна комисија од обработени 99,94 отсто од податоците.

Објавено на

часот

Сподели

Од овие 53 општини, според сѐ уште неофицијални податоци, градоначалник во првиот круг е избран во 44 општини. Во 32 општини избрани уште во првиот круг се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во првиот круг СДСМ победил во три општини, коалицијата Вреди во пет, а коалицијата на ДУИ Национална алијанса за интеграција во 4 општини.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во првиот круг имаат градоначалници во: Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица и  Штип. Во Старо Нагоричане кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е на границата со 50 отсто освоени гласови.

Изборите ќе се повторуваат во три општини поради недоволна излезност, односно неисполнување на законскиот цензус од една третина од запишаните гласачи. Во Маврово и Ростуша излезноста изнесува 30,31%, а во трка за градоначалник се Онер Јакупоски од ВМРО-ДПМНЕ и Анес Ахмети од СДСМ. Во Врапчиште излезноста е 25,18%, а кандидати се Исен Шабани од НАИ и Мехмед Сефери од Вреди. Во Центар Жупа излезноста е најниска – 21,49%, а таму се натпреваруваат Аријан Ибраим од ДПТМ, Инает Баки од Партија за движење на Турците во Македонија и Алил Емрула од ДНЕТ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ