среда, 14 мај 2025

Улица во Тетово отворена само со албански знамиња, Касами вели дека во друга ситуација ќе има и македонски

На отворањето на реконструираната улица „Радован Цониќ“, позната како улица на бутиците во Тетово имаше само албански знамиња. Градоначалникот на Општина Тетов Биљал Касами, кој ја пушти во употреба реконструираната улица, беше придружуван од деца со албански народни носии.

Објавено на

часот

Сподели

Прашан зошто нема македонско знаме и македонски носии Касами кратко одговори: „Добра забелешка, во друг случај, во друга ситуација ќе го имаме“.

Улицата е долга 400 метри и наместо бетонски плочки поставена е калдрама, нови клупи, канделабри и млади дрвца. Се работеше и на нова канализација и подземна инфраструктура за поставување кабли.

„Поважно од тоа што промовираме уште еден инфраструктурен проект е тоа што овој проект, ја враќа автентичноста на Тетово, културните вредности што ги имаше Тетово во минатото. Оваа улица е поплочена со калдрма, која е позната во минатото на градот Тетово. Со неконтролираниот раст на градот во последните 30 години се изгуби тој лик на Тетово. Затоа сме среќни што промовираме таков проект во центарот на Тетово, многу важна улица за економијата, се надеваме дека со оваа инвестиција ќе се врати динамиката во овој дел од градот. Инвестицијата е финансирана од европските фондови, меѓудржавна соработка меѓу Северна Македонија и Република Косово, поконкретно помеѓу градовите Тетово и Призрен“, изјави Касами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ