петок, 7 ноември 2025

УЈП го поедностави пристапот до системот е-ПДД

Управата за јавни приходи (УЈП) направи техничка надградба на своите електронски системи со цел нивното користењето да биде уште полесно и поедноставно. Најавата на почетната страница на системот е-ПДД сега е пренасочена преку порталот е-Даночни услуги, со што, како што велат од УЈП, пристапот станува поедноставен и побрз.

Објавено на

часот

Сподели

„Со едноставно кликање на линкот ПДД во горниот десен агол на екранот, ќе можете да ги користите сите функционалности кои веќе ги познавате и кои се дел од постоечките функционалности на системот е-Персонален данок. Имплементиран е и нов начин на дигитално потпишување, независен од верзијата на JAVA и типот на интернет пребарувачот, како втора опција за дигитално потпишување во системот. За користење на оваа опција, потребно е да се инсталира софтверот достапен на линкот кон кој ве води самото апликативно решение“, ги информира УЈП даночните обврзници.

Со воведување на оваа можност, велат од УЈП, сакаме да излеземе во пресрет на даночните обврзници кои се соочуваат со предизвици при функционирањето на дигиталното потпишување на различни платформи и интернет пребарувачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ