четврток, 14 мај 2026

Тошковски откако во ОЈО ГОКК падна предметот со мазутот: Ова е разочарување на целиот тим на МВР кој работеше на случајот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски смета дека не смее да има тивок обид на затворање на постапката за набавката на мазутот за ТЕЦ Неготино. Вели дека акцијата за овој случај спроведена лани била во координација и по насоки на Обвинителството.

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за телевизија Канал 5, Тошковски вечерва рече дека не верува дека тогаш имало докази, а сега постапката се затвора поради недостиг на докази.

„Јас сум шокиран и разочаран од одлуката на Обвинителството, исто како што е шокирана целата македонска јавност. Во никој случај не смее да има тивок обид на затворање на една ваква постапка од страна на Обвинителството. Ова е огромно разочарување особено за целиот тим на МВР кој работеше на случајот“, рече Тошковски.

Вели дека конечно е дојдено време ваков потенцијален криминал каков што е направен во овој случај да не биде затворен со, како што рече, плитко спроведени постапка.

„По информациите што ги имам добиено од луѓе кои се дел од овој процес не сметам дека е постапено максимално професионално и во насока на утврдување на правилната фактична состојба се со цел да се разоткрие она што е правено. Ни оддалку не сметам дека е доловена фактичната состојба“, рече Тошковски.

Според Тошковски, овој случај се уште не е затворен. – Ќе види јавноста во следниот период за што точно сум сакал да поентирам од аспект на фактична состојба којашто МВР неспорно ја има утврдено изминатиот период во насока на остварување на право и правда, рече Тошковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ