Од партијата оценуваат дека темата за дијаспората претставува, како што велат, одвлекување на вниманието од суштинската потреба за воведување на една изборна единица, која според нив е неопходна за обезбедување поправеден и порелевантен изборен процес.
„Единствената точка за изборниот законик е една изборна единица и ништо друго. Спинот со дијаспората е само одвлекување внимание од јавноста од воведувањето една изборна единица, која овојпат е задолжителна и неопходна за конечно, после три и пол децении државност, да имаме фер и релевантен изборен процес наместо сегашниот Донтов модел, кој е единствен во светот и не ја покажува волјата на гласачите“, изјави претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански.
Тој предупреди дека евентуалното повторно игнорирање на препораките на ОБСЕ, според него, може да доведе до бојкот на изборниот процес доколку остане актуелниот изборен модел.





