„Повторно СДСМ против СДСМ и нивното бегање од соочување со вистината. Иако бараа јавна расправа за Законот за приредување на игри на среќа, сега сакаат да ја опструираат, не закажувајќи ја јавната расправа. На нивно барање, поддржавме јавна расправа на која експерти од фелата ќе го кажат своето мислење дали се за или против законот, како и нивните ставови во однос на членовите кои што ги содржи тој закон. Во моменти кога сакаме да регулираме цела една индустрија, се јавуваат СДСМ со нивната опструкција и упорно не сакаат да ја закажат јавната расправа, на која што, повторно кажувам, сите засегнати страни ќе можат да го кажат своето мислење. Зошто? Нека кажат самите“, изјави пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во Собранието.
Ја повика претседателката на Комисијата да ја закаже јавната расправа за да може потоа од ставовите што ќе произлезат од јавната расправа да се донесат заклучоци кои би се инкорпорирале во законот.
„Ние нема да дозволиме да застане процесот. Доколку не се одржи јавната расправа, на следната наредна седница ќе биде ставен законот, согласно Деловникот, и постапката за неговото донесување ќе биде продолжена“, рече Стојаноски.






