Како што соопшти кабинетот на Стоилковиќ, двете страни оцениле дека од воспоставувањето на дипломатските односи до денес, соработката меѓу двете земји се развива успешно и треба понатаму да се негува. Амбасадорката Улман ја потврдила континуираната поддршка на Швајцарската Конфедерација за европските интеграции на Македонија.
Соговорниците се осврнале и на позитивната улога на македонската дијаспора во Швајцарија, која претставува важен социјален и економски мост помеѓу двете земји, како и пример за успешна интеграција и соживот. Била нагласена потребата достигнатото ниво на политичка и дипломатска соработка да се прошири и во економската сфера, каде што постои значителен потенцијал – како преку зголемување на трговската размена, така и преку привлекување нови швајцарски инвестиции во земјата.