петок, 7 ноември 2025
Локални избори 2025

Сотир Лукровски: Победи Карпош!

Во оваа кампања не се борев за функција, се борев за доверба. За секој човек кој веруваше дека чесноста, трудот и вистината повторно можат да победат. Денес не победувам јас, победува Карпош, изјави вечерва Сотир Лукровски, кандидатот за градоначалник на Општина Карпош кој според последните бројки од Државната изборна комисија е извесно дека е новиот градоначалник.

Објавено на

часот

Сподели

„Победуваат сите оние што не се откажаа од својот град. Оние што секој ден ме запираа на улица и велеа: Сотир, време е да се смени нешто! Гледавме како Карпош се бетонизира, како зеленилото исчезнува, како улиците стануваат депонии, а луѓето неми сведоци на неправда. Тоа беше реалноста. Но вечерва, таа реалност завршува.
Вечерва започнуваме ново поглавје. Време на ред, визија и работа. Време кога општината ќе биде сервис за граѓаните, а не алатка за лични интереси. Време кога ќе се слуша секој глас, и ќе се гледа секое дело. Нашата програма не е список на ветувања, туку договор со граѓаните. Ќе ја дигитализираме општината.
Ќе ги реконструираме фасадите и лифтовите. Ќе создадеме нови паркинг места, повеќе зелени зони, а Карпош ќе стане пример за современ, урбан и достоинствен живот. Ова не е победа на една партија, ова е победа на сите луѓе што сакаат промени. На тимот, на волонтерите, на младите и на постарите што веруваа.
Благодарам што бевте со мене во секој чекор од овој пат. Јас ќе бидам секој ден со вас на улиците, во маалата, кај проблемите, со решенија. Вечерва не славиме крај, туку нов почеток. Почеток на Карпош што повторно дише со народот. Да живее Карпош.
Да живее Македонија“, изјави Лукровски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ