среда, 20 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата на Заев остана со Тито, Павле и Стојанче, а фалат пет партии

Објавено на

часот

Сподели

Коалицијата ” Најлошото за вашата општина ” е коалиција за пораз на следните избори. Раситнетата коалиција каде ги нема БЕСА, ЛДП, ДОМ, партијата на Турците и партијата на Бошњаците е коалиција за пораз, и тоа покажува дека Заев си одбра друштво во кое ќе доживее пораз“, вели ВМРО-ДПМНЕ во партиската реакција.

Според опозициската партија пет години нема ниту еден проект, нема општина каде нивото на реализација на програмата на градоначалниците на СДСМ не е под 20%.

„Има само криминал и корупција, нема работа за фирмите на народот, но има за фирмите на Заеви, во администрација не се вработуваат способните, туку роднините на функционерите. Заев е најдобро да си замине. Заев е најдобро да се повлече. Заев е најлошото во земјата“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ