
„Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност. Воедно беше соопштено дека Заев дал предлог до бугарската Влада. Јавноста има право да знае каков предлог и каков подарок овој пат Заев нуди на официјална Софија. Нели се преговараше само португалскиот предлог?
Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани. Дали предлогот на Заев содржи работи со кои ги продава и идентитетот и историјата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, останува отворено и прашањето кои се петте историски личности за кои има согласност.






