Со Интервентниот фонд за земјоделство се обезбедува поддршка по килограм за произведено јаболко кое во периодот од 15 септември 2021 до 15 декември 2021 предадено кај регистриран откупувач или преработувач на земјоделски производи или за извоз, во висина од 3 денари по килограм.
Потоа поддршка по килограм за производство на оризова арпа од род 2020/2021 која во период од 1 јануари до 15 декември е произведена и предадена на регистриран откупувач или преработена во сопствен преработувачки капацитет, во висина од 3 денари по килограм, како и поддршка по килограм за произведено винско грозје кое во периодот од 15 август 2021 до 31 октомври 2021 е предадено кај регистриран откупувач на винско грозје за производство на вино или за извоз на винско грозје во висина од 3 денари по килограм.
Како што соопшти СДСМ, овој фонд станува реалност од 2022 година, а буџетот за оваа намена ќе изнесува 250 милиони денари.
Буџетот на Интервентниот фонд ќе биде на располагање во случаи доколку земјоделците се соочат со потешкотии на пазарот и проблеми во производството.
СДСМ потсетува дека едно од ветувањата во програмата „Можеме“ на последните парламентарни избори беше и формирањето токму на Интервентен фонд за регулирање на пазарен дисбаланс во земјоделството и обезбедување услови за одржливо земјоделско производство.






