среда, 27 мај 2026

Македонски дипломатски синдикат: Платите во МНР се под државниот просек, во јануари и ние ќе протестираме

Објавено на

часот

Сподели

„Македонската јавност треба да знае дека платите во МНР, една од најрепрезентативните служби во државата, се десет проценти пониски од државниот просек. Со сите додатоци и варијабли таа изнесува 26.800 денари. Како да се очекува натпросечна, па дури и просечна дипломатија, со потпросечни плати и потценување на  една од најрепрезентативните професии во земјата задолжена за спроведување на надворешната политика.

За неверување е податокот дека административните работници во МНР со средно образование  со неколку десетици години стаж остваруваат плата од 15.000 денари и се изедначени во примањата со помошно-техничките работници (главно хигиеничарки). Овие административни службеници претставуваат фундамент кој треба на дипломатијата да ѝ овозможи непречено функционирање, без оглед дали станува збор за секретарска служба, курирска служба, факс служба, архива, дистрибуција на материјали…

Тешко дека со просечна плата која што е позиционирана многу блиску до платите на текстилните работнички (исто така сериозно потценети), а премногу далеку од на пример вработените во ИТ индустријата, можеме да зборуваме за долгорочен и стратешки однос кон сопствената дипломатија. Имајќи ја предвид оваа тешка состојба, МДС се приклучува во барањата за исплаќање минимална плата во висина од 18.000 денари и наедно, линеарно покачување на сите останати плати во целиот нивен распон, за да не се доведеме во ситуација половина од МНР да биде изедначено во минималната плата“, соопшти Македонскиот дипломатски синдикат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ