вторник, 19 мај 2026

Левица: Ќе поднесеме кривична пријава против Оливер Спасовски за злоупотреба на службената положба за личните карти

Објавено на

часот

Сподели

„Премиерот Заев и неговиот ресорен министер Спасовски, во нивните манири на крими вообразеност и неказнивост, свесно и намерно извршиле кривично дело преку предвремена промена на софтверот за издавање лични карти со неуставното име на државата, без усвоен закон. Дополнително, за да го оствари коалицискиот договор со Беса, чии пратеници – спротивно на волјата на народот – гласаа за промена на уставното име под услов вметнување етничка припадност во личните карти, премиерот сега манипулира и се обидува, на штета на сите граѓани, насилнички да вметне примитивни етно-трибалистички категории кои се без преседан и непостоечки во сите европски држави, а кои се изрично забранети во ЕУ.

Спречените екстремно штетни законски измени, со амандмани од пратениците на Левица, воопшто не се однесуваат на постапката за издавање на личните карти, бидејќи личните карти ги издава Министерството за внатрешни работи, согласно член 3 од постоечкиот Закон за личната карта, кој и натаму е во потполна правна сила. Спречените измени на овој закон воопшто не задираат во овие два члена и во останатите одредби од законот кои се однесуваат на постапката околу издавањето на личните карти. Следствено на тоа, произлегува дека МВР со ништо не е оневозможено да ги издава личните карти, исто како и досега.

Законските норми се јасни и истите предвидуваат дека додека не се донесе новиот закон, во сила е постоечкиот и актуелно важечки Закон за лични карти, по кој институциите се должни да постапуваат, без оглед на коалициските договори на владејачката клика. Бидејќи со незаконската измена на софтверот за издавање лични карти, без закон кој формално стапил во сила, извршено е флагрантно кривично дело кое се гони по службена должност, правниот тим на Левица во наредните денови ќе поднесе и соодветна кривична пријава против министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски за злоупотреба на својата службена положба, кој уште еднаш демонстрира дека неказнивоста, неспособноста и корупцијата вирее токму во највисоките ешалони на власта“, соопшти Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ