понеделник, 18 мај 2026

Лазаревска: УНЕСКО ги препозна мерките на Владата за заштита на охридскиот регион

Објавено на

часот

Сподели

„Со оваа одлука Комитетот го препозна и уважи напредокот на Република Северна Македонија во насока на зачувување на исклучителната универзална вредност на охридскиот регион. Ова е признание за преземените конкретни мерки, за напредокот за зачувување на вредностите на охридскиот регион, но и силно и гласно предупредување дека сите мораме постојано да го штитиме охридското, македонското и светското наследство.

Ова не значи дека работата е завршена, пред нас се бројни предизвици, но со максимална ангажираност и посветеност заеднички ќе ги надминеме. Како што најави и Владата, во периодот што претстои, заедно со Албанија, ќе ја засилиме соработката и координацијата со Центарот за светско наследство и советодавните тела на УНЕСКО, како и со Европската Унија и другите стратешки партнери, со цел целосна имплементација на планот за управување со светското природно и културно наследство во охридскиот регион.

Северна Македонија продолжува со исполнување на препораките на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство во соработка со општинските власти во Охрид, Струга и Дебарца како и со граѓаните и надлежните институции.

СДСМ преку владата и инистуциите што ги предводи останува целосно посветена на заштита на охридскиот регион, но и на унапредување на квалитетот на живот на сите граѓаните кои живеат во овој регион кој е препознаен и признат како светско наследство“, изјави Лазаревска.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ