Партијата наведува дека командирот на полициската станица во Прилеп „кој беше фатен во акција на американската ДЕА е пуштен од притвор и однесен во домашен притвор, а тој беше дел од трговија со дрога со шоферот на Заеви“.
„Градоначалници на СДСМ, како Боро Марлборо беа фаќани во шверц, а потоа беа ослободувани. На Оливер Спасовски му пропадна цела акција како ‘Планина’. Вице Заев го снемува од обвинение, а никој за тоа не сноси последици. Власта е буквално недопрена. Криминалци работат за СДСМ, а Заев исплашен од огромен пораз активира криминалци за да го намали поразот.“, наведува ВМРО-ДПМНЕ.






