четврток, 17 јули 2025

Со полициска придружба обвинението за пожарот во Кочани испратено за Скопје

Со два автомобили и полициска придружба од Основниот суд во Кочани денеска беше испратен предметот за пожарот во диксотеката Пулс во Кочани, во кој животите ги загубија 62 лица, а над 200 беа повредени.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Апелациониот суд-Штип, Тони Делев информира дека транспортот е во тек.

„Од Основниот суд во Кочани заедно со сите списи и докази, коишто се приложени се носат во Основниот Кривичен суд Скопје, согласно одлуката на Врховниот суд на Република Северна Македонија и таму ќе биде предаден на службите за понатамошна постапка“, вели Делев за МИА.

Делев посочува дека станува збор за обемен материјал, а доказниот материјал е сместен во две возила.

„Понатаму ќе одлучува Основниот Кривен суд Скопје, ќе се оценува актот, веројатно тука ќе има приговори, ќе се спроведе цела постапка како што предвидува законот“, рече Делев.

Инаку, во истражната постапка за предметот Пулс беа ангажирани сите судии во Основниот суд во Кочани, еден од Виница,  тројца судии од Основниот суд во Штип и сите судии од штипска Апелација за жалбените постапки и решенијата за притвор. Во овој предмет опфатени се 34 лица и три правни субјекти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ