недела, 17 мај 2026

Заврши реконструкцијата на булеварот „Никола Карев“ во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„Град Скопје на овој потег реши нешто што повеќе децении беше проблем на граѓаните на Скопје. За седум месеци успеавме да изградиме нови 980 метри нов булевар. Со потпорниот ѕид целосно го заштитивме автопатот и ридот кај касарната („Илинден“) со целосна подземна инсталација која ќе овозможи долготрајно и безбедно користење на овој скопски булевар. Минатата година почнавме со т.н. Пластичарска која е на истиот овој булевар „Никола Карев“, на потег од 1400 метри, и ова е всушност втора фаза“, изјави Шилегов на официјалното отворање на булеварот.

За вторник најави почеток на градба на голема клучка кај Момин Поток, а од понеделник Град Скопје ќе ја почне и најавената реконструкција на многу градски сообраќајници.

„Затоа ги замолувам граѓаните на Скопје да бидат трпеливи и да ги почитуваат сообраќајните режими, ќе бидеме брзи и квалитетни, како и секогаш досега. Ја обновуваме инфраструктурата која повеќе децении не била ни воопшто пипната и во агендата на Град Скопје“, рече Шилегов.

Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев изјави дека сообраќајницата „Никола Карев“ е исклучително важна за жителите на Карпош.

„Ова беше тесно грло и простор каде што се создаваше огромна гужва и граѓаните не можеа да стигнат до своите домови или на работните места. Дополнително, покрај решавање на сообраќајниот проблем, со овој булевар се создаваат и предуслови за урбанистичко ширење на градот на Скопје во северниот дел. Општина Карпош донесе и ДУП-ови за делот зад касарната „Илинден“ и ваквата инфраструктура и кружниот тек што е најавен за неколку дена кај Хубо-маркет и клучката, придонесуваат за развој на овој дел од градот“, рече Богоев, додавајќи дека во неговата општина има тековни реконструкции на повеќе сообраќајници – во Карпош 1,2 и 3 и во Нерези. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ