Оваа патека е наменета за сите граѓани, а не само за професионалните спортисти.
„Новата патека е со вкупна должина од 834 метри и е поставена кружно по должината на големото езеро во вториот дел од Градскиот парк. Во еден мал дел двете тартан патеки се преклопуваат, но тоа што е поважно е дека кругот кој го формираат двете патеки заедно изнесува точно 1.000 метри. Граѓаните патеката ќе можат да ја користат и во текот на ноќта бидејќи се погриживме да ја осветлиме по целата должина со ново „лед“ осветлување. Дополнително, околу патеката е поставена и соодветна урбана опрема и придружни содржини – инфо табли, чешми, клупи и корпи за џебен отпад“, изјави на промоцијата на патеката градоначалникот Петре Шилегов.
Тој додаде дека новата тартан патека заради сенките од околните дрвја кои ја штитат од сончевите зраци е поволна за користење и во летниот период кога паркот природно привлекува многу наши сограѓани кои криејќи се од летните температури доаѓаат тука да прошетаат, одморат и да се рекреираат.






