понеделник, 18 мај 2026

Во Скопје „пајакот“ за една недела крена 167 непрописно паркирани возила

Објавено на

часот

Сподели

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 292 возилa поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 19 возила се отстранети со пајак службата поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ