Почетокот на протестот е најавен од 18.45 часот пред Министерство за надворешни работи, на ул.„Филип Втори Македонски“, па по ул.„11 Октомври“, ул.„Димитрие Чуповски“, ул.„Васил Главинов“, потоа по бул.„ВМРО“ и бул.„Илинден“ (пред зградата на Владата) до завршување на протестот, најавено за 20.30 часот.
Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.






