петок, 15 мај 2026

Станица за кабаст отпад во Аеродром

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за ограден и заштитен простор каде што граѓаните ќе можат во секое време бесплатно да го оставаат својот стар мебел и дотраена бела техника. Ова е прва станица од ваков тип во Општина Аеродром, а во блиска иднина се планира поставување на вакви оградени простори на повеќе локации на целата територија.

„Следејќи ги европските примери, сакаме да им излеземе во пресрет на граѓаните што имаат потреба да се ослободат од старите предмети од домаќинствата, а притоа тоа да биде бесплатно и во близина на нивните домови“, изјави градоначалникот Златко Марин.

Инаку, овој проект се реализира во рамките на новиот и европски интерактивен пристап за одржување на јавната хигиена што го воведува Општина Аеродром.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ