четврток, 14 мај 2026

Нов објект во центарот на Скопје, на паркингот кај Рамстор ќе се гради деловно-станбен објект

На отворениот паркинг помеѓу трговскиот центар Рамстор и зградата на НЛБ банка во центарот на Скопје сепак ќе се гради деловно-станбен објект. Проектот предвидува изградба на објект со три подземни нивоа наменети за паркирање, додека надземниот дел ќе има деловна и станбена намена. Од граѓанската иницијатива и советничката група на Шанса за Центар велат дека одлуката за ова е донесена едногласно од советниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ без никаква дикусија за параметрите за заштита и спасување.

Објавено на

часот

Сподели

Од Општина Центар потврдуваат дека на оваа локација е дозволена доградба во рамки на постојниот комплекс, при што е предвидена зграда со пет ката, приземје и поткровје. За општината нема никаква дилема затоа што „постои важечка урбанистичка документација, на просторот е дозволена доградба, а инвеститорот постапува согласно предвидената намена во планот“.

Сепак, активистите и граѓаните на Центар реагираат велејќи дека ваквите урбанистички решенија дополнително го зголемуваат притисокот врз сообраќајот и паркирањето во централното градско подрачје, дека никаде не се предвидени зелени површини… Автор на ова решение е проектантската фирма Билд урбан.

Од Шанса за Центар велат дека во делот на мерки за заштита и спасување и планирање на просторот заради можни земјотреси на една од најкритичните земјотресни локации во градот ниту формално не е посветено внимание на овие аспекти. „Напротив, свесно или несвесно се презентирани неточни податоци, иако во делот ‘Сеизмика на просторот’ теренот, според стабилноста, е категоризиран како претежно нестабилен и каде што се можни појави на сите деформации во природни услови или при делувањето на човекот“, реагираше тогаш Шанса за Центар.

И од граѓанската иницијатива На точак пред три години предупредија дека не се видливи ниту попречни пасажи, односно премини или улици, со кои граѓаните ќе може да поминат од улицата „Св. Кирил и Методиј“ (поранешна Мито Хаџивасилев Јасмин) кон улицата „Јордан Мијалков“ (поранешна Железничка) без да мора да ја  обиколуваат целата четврт со должина од околу 800 метри. Ќе треба да се види дали и како ќе се изведат овие премини низ она што сега се финализира како голем затворен комерцијално-станбен блок, наспроти јасното барање од ГУП-от на ова подрачје висините на зградите да се планираат така што ќе се почитува јавниот интерес преку овозможување на проветрување. Блокот затворен од сите страни со згради тешко дека ќе може да гарантира какво било  проветрување“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ