петок, 15 мај 2026

Новата сезона во Хераклеа започна со посета на туристи од ЕУ

Мозаиците во Хераклеја повторно се достапни за јавноста, а првите годинешни туристи се од Шпанија, Франција, Германија и Белгија, информираа од Националната установа (НУ) Завод и Музеј – Битола.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Според утврдената пракса, мозаиците во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, ремек-дела на ранохристијанската уметност, во периодот октомври – април се заштитуваат со заштитен слој од речен песок, деновиве песокот беше отстранет, а мозаиците откриени и достапни за јавноста.

Туристите најголем интерес покажуваат за мозаиците Голема Базилика, Мала Базилика и други, кои се на површина од речиси 1.300 квадратни метри, посочија водичите од НУ Завод и Музеј – Битола, институтција во чија надлежност е Хераклеја Линкестис, локалитет кој минатата година го посетија над 23.000 туристи од Полска, Франција, Италија, Германија, Чешка…, како и од сите држави на Балканот.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ