За популарниот Мрме, ова е прв ангажман на селекторска функција по заминувањето од клупата на Македонија.
На промоцијата Ангеловски се заблагодари за приемот и поддршката од Фудбалската федерација на Таџикистан.
„Сакам да му се заблагодарам на раководството на Федерацијата за топлиот пречек. Од самиот почеток ја чувствувам довербата и поддршката од сите во организацијата“, изјави Ангеловски.
Во неговиот стручен штаб ќе бидат и неговите долгогодишни соработници, Милан Илиевски и Иван Јовановски. Илиевски ќе ја извршува улогата на асистент-тренер, додека Јовановски ќе биде задолжен за физичката подготовка на репрезентативците.
Новиот селектор порача и дека е подготвен да ја преземе целата одговорност за резултатите на тимот.






