понеделник, 18 мај 2026

Со секој километар поминат на велосипед до награда од Челенџер

Објавено на

часот

Сподели

Со Челенџер секој поминат зелен километар носи поени, кои потоа корисниците ги заменуваат за попусти во локални бизниси. Исто така, со исполнување на зададени предизвици се добиваат и директни награди. Колку повеќе километри поминати пешки или пак на велосипед, толку повеќе Челенџер поени кои носат попусти и награди.

Се што треба да направи корисникот е да ја интегрира Челенџер со познатата апликација Страва (STRAVA) за награди за километрите поминати на велосипед. При секое возење на велосипедот потребно е корисникот да ја вклучи Страва за да почне истата да ги мери километрите.

Веќе има 6.000 корисници и 40+ бизниси кои меѓусебно се поддржуваат, инспирираат и натпреваруваат со цел да станат општествено одговорни.

„Нашата цел се исполнува преку две димензии – го поттикнуваме приватниот сектор да ја вметне зелената агенда во нивниот бизнис модел и градиме заедница на т.н. челенџери кои живеат одржливо”, изјавуаат од тимот.

Оваа апликација во изминатиот период доби многу признанија, а воедно е партнер на тековната кампања IT4Charity

Мобилната апликација е бесплатна и достапна за сите корисници на Android и iOS.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ