понеделник, 18 мај 2026

РКЕ: Во Скопје парното на БЕГ поевтинува за 4%

Објавено на

часот

Сподели

Скоро 56 илјади потрошувачи приклучени на Балкан енерџи груп или 93% од вкупниот конзум ќе добиваат сметки пониски за 4,35%. Повеќе од 3.800 домаќинства кои се приклучени на ЕСМ енергетика ќе добиваат незначително пониски сметки за 0,57%, додека потрошувачите кои се 501 на број и се приклучени на Скопје Север од 1 август ќе добиваат сметки пониски за 1,25 %.

„Граѓаните приклучени на парно ќе добиваат пониски сметки. Денешните донесени одлуки се показател дека начинот на кој ја пресметуваме цената на топлинската енергија ги штитат потрошувачите. Со одлуките праќаме сигнал што повеќе граѓани да се приклучат на мрежата за парно греење кое е најекономично и еколошко. Во однос на работата на компаниите, сакам да укажам дека со оглед на фактот дека БЕГ го има доминантниот дел од конзумот, односно 93%, останатите снабдувачи Скопје Север и ЕСМ енергетика треба да ги разгледаат можностите за системско надминување на предизвиците преку заедничка соработка, се со цел да може да го зголемат бројот на потрошувачи и да се оптимизира производството на топлинска енергија“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ