петок, 15 мај 2026

Општина Центар си ги врати ингеренциите за поставување урбана опрема во Дебар Маало, Парк и Мал Ринг

Објавено на

часот

Сподели

„Во јуни 2009 година Општина Центар потпишала договор за отстапување на ингеренциите на Град Скопје да врши овластување и издавање дозволи за поставување урбана опрема во Дебар Маало, Парк и Мал Ринг. По одржаните состаноци со Град Скопје, заеднички одлучивме ингеренциите да се вратат на Општина Центар, бидејќи за истите општината врши контрола и инспекциски надзор“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ

Општина Центар подготвила сопствена програма и план за начинот на кој ќе биде поставена урбаната опрема на територијата на општина Центар, а со потпишување на договорот со Град Скопје, формално-правно се враќаат ингеренциите во надлежност на Општина Центар. 

Богдановиќ ова го смета за голем успех за Општина Центар бидејќи ингеренциите што претходно биле дадени или одземени, сега се враќаат под контрола на Општината. За наредниот период тој најави програми и планови за преземање на урбаната опрема и на други локации, согласно останатите детални урбанистички планови во Општина Центар. 

Во меѓувреме, овластен градежен инспектор по службена должност направил увид во два објекти и поради неправилности во работењето издадено е решние за отстранување за инвеститорот Кафе бар-Макка со седиште на булеварот „Климент Охридски“ бб и за инвеститорот Ди Лума Груп Дооел-Скопје со седиште на улица „Аминта Трети“ бр.38.  Доколку во наредниот период нелегалните градби не бидат отстранети, Општина Центар ќе пристапи кон присилно административно извршување. 

Инаку, во Буџетот на Општина Центар за 2021 година планирани се 12 милиони денари за рушење на бесправно изградени објекти во Центар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ