петок, 15 мај 2026

РКЕ донесе нови правила за кибербезбедност во енергетскиот сектор

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) денеска ги објави новите правила за кибербезбедност за објектите за производство, складирање и за системите за пренос и дистрибуција на струја.

Објавено на

часот

Сподели

Со новите правила, велат од РКЕ, Комисијата ја засилува својата улога во областа на кибербезбедноста со цел обезбедување повисоко ниво на сигурност, стабилност и доверба во енергетскиот систем, во интерес на граѓаните, стопанството и националната безбедност.

Правилата ќе важат за МЕПСО, „Електродистрибуција“, МЕМО, снабдувачите за електрична енергија, големите производители (200 MW), операторите на складишта со електрична енергија (50W), НОМАГАС, операторите за дистрибуција на гас („Куманово гас“, „Струмица гас“ и ТИРЗ) и операторите на постројки за производство на водород или биогас.

„Станува збор за подзаконски акт усогласени со европските стандарди преку чија имплементација ќе се зајакне заштитата на енергетскиот систем на државата од кибернапади и технолошки ризици. Новите правила предвидуваат протоколи за управување со ризици, инциденти и кризи, како и протокол за известување во случај на значајни кибербезбедносни напади, план за закрепнување, обуки за подигање на свест. Енергетските компании, кои управуваат со критичната инфраструктура, треба за триесет дена да назначат посебен службеник, за шест месеци да формираат тимови за кибербезбедност, а за една година имаат обврска да направат процена на ризици, план и закрепнување во случај на кибернапад, како и систем за резервни копии“, велат од РКЕ.

Од РКЕ посочуваат дека новите правила се целосно нов регулаторен модел, кој од техничка киберзаштита преоѓа во управување со национално-критичен ризик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ