Граѓанската организација На точак бара сериозни инфраструктурни интервенции на сообраќајниците во градот што ќе ја намалат брзината на автомобилите и ќе обезбедат патот за најранливите учесници да биде најбезбеден, а не обратно. Истовремено, тие апелираат во полициските билтени, официјалните статистики, обвиненијата и медиумите да престанат да се употребуваат термините „сообраќајна несреќа“ и „незгода“ за случаи каде што има свесно несовесно возење.
Утре вечер ќе се вози и за сите жртви на сообраќајните убиства во Скопје, а како дел од возењето е предвидено и поставување бел точак (ghost bike) во Скопје на пешачкиот премин на булеварот „Кочо Рацин“ каде Билаљ Љамалари кој беше прегазен и кратко потоа го изгуби својот живот.
„Ова е трет ваков точак што ние заедно со скопските велосипедисти го поставуваме во Скопје, и се надеваме дека ќе биде последен. Редно време е институциите да се запрашаат дали можеле да го спречат ова убиство во сообраќајот, да преземат дел од одговорноста и да почнат да ги спроведуваат мерките што веќе со години ги бараме“, изјавија од На точак.






