понеделник, 18 мај 2026

Локалите „Инста кафе“ и „Каса Кубана“ предупредени за гласна музика и бучава

Објавено на

часот

Сподели

По добиените решенија, угостителите имаат законски рок од 8 дена да постапат по истите.

Усна опомена за почитување на граничните вредности за бучава добија локалите „Папилон“, „Локал 45“ и „Харт бар“.       

Општина Центар апелира до сите управители и сопственици на угостителски објекти во општината, да се придржуваат до постојните правилници, да имаат обѕир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина.

Во спротивно, за сите измерени надминувања на граничните вредности на бучава, ќе се преземат законски пропишани мерки и ќе бидат изречени поригорозни санкции, во согласност со Законот за заштита од бучава во животна средина.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ