сабота, 8 ноември 2025
Локални избори 2025

Седми ден од кампањата, митинзи во Пехчево, Берово, Радовиш, Струмица…

И денеска, недела, е активен ден за кандидатите за советници и градоначалници во 80 општини во државава. Седми ден од изборните активности на учесниците на Локалните избори 2025, митинзи и средби со граѓани во повеќе делови од земјата.

Објавено на

часот

Сподели

СДСМ попладнево и вечер е во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи на кои ќе ги претстави кандидатите за градоначалници и советници во Ново Село, Василево, Босилово, Радовиш во Струмица.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје предложен од Левица, Амар Мециновиќ, ќе има средба со жителите на Карпош, кај Сити мол.

Кампањата за локалните избори завршува на 17 октомври на полноќ, по што настапува 24-часовен молк пред изборите на 19 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ