сабота, 9 мај 2026

Се чистат дивите депонии во Штип

Втор ден се чисти отпад и градежен шут во Штип, во рамките на еколошката акција „Генералка викенд“. Со градежни машини се расчистува градежниот шут, а амбалажи од најразлични производи, пластични ќеси и друг вид на отпад се чисти од вработените во штипските јавни претпријатија, припадници на Армијата, пожарникари, Општината, членови на Извидничкиот одбор „Еквинокс“, волонтери, граѓани. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека во рамките на акцијата „Генералка викенд“ се чисти од манастирот „Света Недела“  кон селото Шашаварлија.

Објавено на

часот

Сподели

„Навиките кои несовесните, неодговорните граѓани ги имаат е последователно овие локации да бидат претворени во диви депонии и овде навистина е потребна координирана активност помеѓу повеќе институции, вклучувајќи ги СВР-Штип, Шумска полиција, сите други институции кои се надлежни за спречување на овие девијатни појави. Затоа што ова не е прв пат локациите да бидат чистени и за неколку дена повторно да се создадат тие диви депонии“, рече Јорданов.

Штипскиот градоначалник, Јорданов најави дека и наредните денови јавните претпријатија со градежна механизација ќе работат на расчистување на овие диви депонии, во овој дел на градот, а веднаш потоа ќе се постават  видео камери и логистика од вработени во општина Штип, кои во координација со останатите институции нема да дозволат создавање на нови диви депонии на оваа локација.

Инаку, општина Штип веќе шеста година по ред учествува во еколошката акција „Генералка викенд“. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ