Како што се најавува во календарот за активности на закододавниот дом, Русопулос ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши. Тој ќе се сретне и со Марија Петрушевска, шефица на Делегацијата на Собранието на Македонија во ПССЕ и членовите.
На седницата се очекува да биде констатирано дека тројца членови на овој парламентарен состав на првиот круг од локалните избори се избрани за градоначалници и тоа Елизабета Стаменковска-Трајковска во Кисела Вода, Јане Мицевски во Сопиште и Дејан Продановски во Прилеп. На местата на Стаменковска-Трајковска и Мицевски пратеници треба да бидат следните на листата во Изборната единица 1, додека на местото на Продановски од Изборната единица 4.
Во текот на следните денови во собраниска процедура се очекува да влезе и Буџетот за 2026 година.
Активностите на Собранието беа запрени поради Локалните избори 2025.






