сабота, 25 јули 2026

За 30 пати се зголемува надоместот за приватизација на градежното земјиште

Објавено на

часот

Сподели

„Со Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште, чиј преглед за висина на надоместот за приватизација на градежното земјиште, се заменува со нов Преглед,“ велат од Владата.

Предвиден е повисок износ на надомест (30 пати поголем од досега предвиденото) за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост со намена: предвидено колективно домување со актите за планирање на просторот кое не е реализирано, комерцијални, деловни, стопански, производни и објекти наменети за спорт и рекреација.

„Предложената измена се врши поради зголемената пазарна вредност на градежното земјиште во однос на вредноста на градежното земјиште во 2005 година, кога стапи во сила Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост,“ велат од Владата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ