36-годишната актерка играше во улогата на Наташа Романов и нејзиното алтер-его Црната вдовица во неколку филма на Марвеловиот киноуниверзум (МЦУ) и неодамна ја презеде улогата во свој соло-филм со истоимениот наслов „Црна вдовица“, кој се појави на киноекраните во средата.
Кога ја прашаа дали чува спомени од времето кога била Црна вдовица, Скарлет рече дека во договорот има клаузула дека може да си го земе својот суперхеројски костим.
Скарлет исто така откри дека станала толку голем синоним за улогата, што луѓето честопати ја нарекуваат Црна вдовица на улица.
„Ако одам по улица, луѓето само врескаат кон мене ‘Црна вдовицо’, што е толку смешно, па си велите ‘О, да, претпоставувам излегуваат филмовите’ и очигледно дека маркетингот и рекламирањето функционираат затоа што тоа е во умовите на луѓето, тие, на пример, не го врескаат името на мојот лик од ‘Под кожа’“.
Ѕвездата зборуваше за својата комуникација со обожавателите на МЦУ и рече дека обожава да се состанува со мали деца преку фондацијата „Замисли желба“, која помага да се остварат желбите на смртно болните деца.
„Марвел соработуваше со фондацијата Замисли желба и имавме толку многу прекрасни средби со обожаватели преку таа организација, што секогаш е толку значајно за нас. Децата се одлични, нивните родители се неверојатно херојски и прекрасни и многу е убаво да доаѓаат обожаватели на снимањето затоа што, знаете, тоа е како ѕиркање зад завесата и е толку магично искуство да го споделите со тие дечиња“.






