петок, 15 мај 2026
Жална вест

Почина новинарот Живко Георгиевски

На 79-годишна возраст почина Живко Георгиевски, поранашен директор на МИА, долгогодишен новинар и дописник од странство.

Објавено на

часот

Сподели

Георгиевски беше директор на МИА од 1998 до 2002 година. Бил директор и на Радио Охрид во средината на седумдесеттите години од минатиот век, па дописник на „Танјуг“ и на ред други тогашни југословенски медиуми.

Кариерата во новинарството ја почнал како средношколец во весникот „Вечер“, а продолжил во младинската редакција на Радио Охрид и во други медиуми, особено со заминувањето во Белград на студии.

По заминувањето од Охрид, Георгиевски долго ја водел македонската редакција на агенцијата „Танјуг“. Неколку години престојувал во Џакарта, Индонезија, како дописник од тој дел од светот.

По враќањето, станува директор на редакцијата на „Танјуг“ во Македонија.

Пред распадот на СФРЈ го формира Македонското прес-биро, а потоа станува директор на агенцијата МИА, од каде што и заминува во пензија.

Живко Георгиевски ќе биде погребан денеска на градските гробишта во Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ