Вчера, особено во утринските часови, беа километарски колоните од автомобили за влез во Грција преку Богородица, претежно од возила со македонски и српски таблички. Сообраќаен колапс доживеаја Стар и Нов Дојран, зашто голем број возила се упатија преку граничниот премин „Дојран“ надевајќи се дека побрзо ќе влезат во Грција.





