„Претходно имав средба со раководителите на секторите во „Комуналец“ и им предложив да одредат еден од нив и да ја врши административно оваа функција наредниве два месеци. Ова претпријатие врши и други дејности и неопходно е да има човек што ќе ја врши функцијата“, рече Лимани
Алмир Даути (49) е дипломиран економист кој во ЈП Комуналец работи над 15 години, а последниве седум раководи со одделението за комерција.
Тој со одлука на градоначалникот од вчера попладне е назначен за в.д. директор, откако неговата претходничка беше лишена од слобода на 21 јули и сега се наоѓа во притвор, а комуналното претпријатие остана без раководен орган.
Таа и уште двајца други раководители од ЈП Комуналец се осомничени за дејства кои доведоа до епидемија од ентероколитис во Гостивар со загадување на водата во градскиот водовод.





