Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повеќе места се очекува нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Според најавите, во петок и во сабота на повеќе места се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринските температури ќе бидат во пораст, а дневните до сабота ќе се задржат пониски.






