„Наставата се реализира со врвен универзитетски кадар и нуди висок квалитет во разни области: свирење на инструменти, соло пеење, популарни жанрови, диригирање и композиција. Секој учесник добива индивидуален пристап и работи во одлични услови кои овозможуваат целосно развивање на талентот и личен напредок. На крајот од секој семестар учесниците добиваат сертификат издаден од Факултетот за музичка уметност – Скопје, што претставува официјално признание за стекнатите знаења и вештини“, информира ФМУ.
Факултетот во соопштението додава дека програмата е инвестиција во личниот развој, „можност да се откријат нови хоризонти, да се надгради сопствената музичка култура и да се ужива во процесот на учење со најдобрите професионалци“.
Повеќе информации за програмите се достапни на линкот: https://www.fmu.ukim.edu.mk/about/lifelong-learning, а во врска со уписот информации може да се добијат на тел. 02 / 3134 345 или на мејлот: [email protected]






