Првично, судот им определи мерка притвор во траење од осум дена на Блерим Ахмеди, Насер Бехлули, Ветон Алити, Арјан Шерифи и Џeмал Садики, што значи дека тие остануваат во притвор.
Минатиот петок во Тетово беше организиран голем протест, а демонстрантите бараа оставки од градоначалничката Теута Арифи, од целата Влада, како и од лидерот на ДУИ Али Ахмети од партиската функција. Незадоволството врз локалната власт беше изразено со фрлање јајца врз зградата на Општина Тетово, а демонстрантите минувајќи низ улиците на Тетово, се обидоа да протестираат пред седиштето на ДУИ во населбата Мала Речица, но полицијата, како и формирани кордони од специјални полициски единици спречија демонстрантите да се доближат до партиската зграда.
Во бркотницата и судирите со полицијата имаше и неколку повредени полицајци, по протестот беа приведени неколку лица, а за петтемина беше определен притвор.






