петок, 22 мај 2026

Судењето за „Шпански скали“ го презеде судијката Јанчулевска Михаиловска

Објавено на

часот

Сподели

„Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска од Одделот Кривично полнолетни е распределена да постапува во Одделението за организиран криминал и корупција, со што ќе ја превзема римската ознака, односно предметите по кои досега постапуваше судијата Владимир Туфегџиќ, кој беше разрешен по негово барање“, соопштуваат од  Кривичен суд и додаваат дека меѓу предметите кои ги презема новиот судија во одделението е и предметот познат како „Шпански скали“ за кој расправата е закажана за 20 октомври.

Исто така, судијката Јанчулева Михаиловска, ќе го води судењето за предметот „Еразмус“, за кој расправата е закажана за 2 ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ