среда, 20 мај 2026

Русковска води посебна истрага, ќе ја чешла документацијата за јавните набавки на сите 19 модуларни болници

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за здравство Венко Филипче ги повика истражните органи да ги истражат јавните набавки, нудејќи ја сета документација што им е потребна.

Ова е сосема одделна истрага од онаа што го вршат петтемина основни јавни обвинители кои уште вршат увид по синоќешната катастрофа во Тетово.

Според информациите што ги добивме, Обвинителството за организиран криминал и корупција засега нема индиции за злоупотреби, но по допрен глас мора да ја провери тендерската документација за овие монтажни болници.

Тетовската изгоре за неколку минути, од ист материјал се направени и останатите 18. Истрагата за трагедијата во која загинаа 14 лица ја водат петмина обвинители, но и странски експерти. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ