сабота, 16 мај 2026

Продолжува судењето против Зоран Теофиловски, член на Судски совет за Тениското спортско здружение Љуботен

Објавено на

часот

Сподели

Тој на првото рочиште за овој предмет изјави дека воопшто не се чуствува виновен и рече дека станува збор за монтирано обвинение.

Исто така и останатите обвинети Ајдин Нуредини, Џемал Абди, Имран Куртиши, Кренар Ибрахими, Цветко Наумовски и Идриз Реџепи во своите изјави пред Судот се произнесоа дека не се чувствуват за виновни.

Според обвинението, Зоран Теофилоски, како одговорно лице – претседател на Тениско спортско здружение Љуботен Тетово и Цветко Наумовски како одговорно лице – управител во правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, со умисла ги потикнале обвинетите Ајдин Нуредини како лице кое врши работи од јавен интерес и службените лица Џемал Абди, Имран Куртиши, Кренар Ибрахими и Идриз Реџепи со искористување и неизвршување на нивната службена положба и овластување, со умисла да прибават значителна имотна корист за правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, а на штета на средствата на државата – сопственост на градежно земјиште, во вредост од 22.050.000 денари.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ