Во Основниот суд Тетово на обвинетите Блерим Ахмеди, Насер Белули, Арјан Шерифи, Џемал Садики и Ветон Алити им се судеше за сторено кривично дело „напад врз службено лице“, поради насилството врз полицајците на протестот на 17 септември во Тетово на кој што се бараше одговорност за смртта на 14-те лица во пожарот во модуларната болница на 8 септември.
„Обвинетите ја признаа вината, а судот утврди казна затвор од една година доколку повторно го сторат делото во наредните три години. Воедно судот ја укината мерката притвор“, изјави Бесник Асани, адвокат на првообвинетиот Блерим Ахмеди.
На 17 септември во Тетово имаше протестен марш од плоштадот па сѐ до седиштето на ДУИ во Мала Речица. Кога полицијата се обиде да го спречи движењето кон седиштето, дел од учесниците во протестот употребија насилство за да го продолжат движењето.






